Од март ќе биде воведена директна авиолинија од Скопје до Амстердам. Аеродромот „Схипхол“ и скопскиот аеродром ќе бидат поврзани со нискобуџетната авиокомпанија „Трансавија“.

Македонската и холандската престолнина се поврзуваат после пауза од 17 години, односно од 2008 година, пишува Екс-Ју авијација.

Билетите веќе се достапни за купување на веб-страницата на авиокомпанијата.

Буџетскиот превозник не се соочува со директна конкуренција, иако Виз Ер го опслужува Ајндховен, кој се наоѓа на околу 125 километри јужно од Амстердам, четири пати неделно.