Билјана, сестрата на српската пејачка Мира Шкориќ денеска ја изгуби битката со тешката болест во болницата каде што се лекувала.
Мира и самата имаше тешка борба со канцер, за која своевремено отворено зборуваше.
– Цел живот работам да изградам имунитет, морам поради ситуацијата и секако не е лесно. 15 години се борам со ракот, пред тоа никогаш не се грижев за моето здравје, некако бев невнимателна и сосема случајно дознав дека сум болна – раскажа Мира Шкориќ.
Таа отсекогаш со гордост зборувала за својата сестра, а во една прилика за српски „Курир“ раскажала дека највпечатлива случка од детството ѝ била кога се скарала со Билјана. Фолк ѕвездата потоа истакнала дека подоцна зажалила за својата реакција и нагласила дека тие двете се многу блиски.
Една од најдобрите пријателки на Мира, Јелена Карлеуша, пред неколку дена ѝ го честиташе роденденот на колешката и тогаш истакна дека е со неа во тешките моменти.
„Среќен роденден на мојата драга Мира! Тоа е тој емотивен, прекрасен, лојален Рак! Прекрасна душа, нежна, повредлива, а наизглед опасна! Нека универзумот ѝ донесе љубов, мир, спокојство и нека сите проблеми што ги носи овој живот бидат оние кои лесно ќе ги надмине“, напишала Карлеуша покрај нивната заедничка фотографија.