Членовите на семејство кое летувало во Грција на островот Крит, а кои беа нападнати од Грци кои се забавуваа во кафеана на главната улица во Ираклион, се пренесени во болница во лоша состојба и со удари по телото и лицето.

Во информациите на грчките медиуми се наведува дека дури и со столчиња четворицата сторители, кои според полицијата се непознати, претепале 41-годишна жена по потекло од Исланд, нејзиниот 49-годишен сопруг Канаѓанец и двата сина на семејството на возраст од 21 и 18 години.

Во истите информации се наведува дека возила на брза помош брзо пристигнале за да ги подигнат повредените. Сите четворица странци се пренесени во болница.

Мајката и децата по укажаната прва помош се отпуштени, додека 49-годишниот Канаѓанец се уште е хоспитализирана во болницата Венизелио.