СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот, велат од македонското Министерство за надворешни работи.

Според информации добиени од македонската Амбасада во Тирана, телата на двајца државјани на Република Северна Македонија се пронајдени починати во морето, близу Каваја.

„Двајца се мажи (М.М. и Ц.М.) од Битола. Според информациите од нашата амбасада во Тирана, надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот. Министерството за надворешни работи останува во контакт со албанските власти преку нашата амбасада“, велат од МНР.

Албанските медиуми јавуваат дека двајцата биле блиски пријатели кои на албанскиот брег дошле заедно со група од 52 туристи.

Само еден успеал да излезел жив

Како што пренесува Top Channel, станува збор за Ристе Дамковски (80) и Цветко Митановски (78) и двајцата од Битола, кои шест години по ред одмарале токму на оваа плажа.

Биле дел од група од 52 македонски туристи кои пред четири дена приситигнале во Драч.

– Откако ручале тројца од групата влегле во морската вода, но само еден од нив успеал да излезе жив. Една од жртвите, Митановски, боледувал од срцеви болести, наведува телевизијата.

Трагичниот настан се случил околу 11:25 часот на јавна плажа, на која немало набљудувач. Едно од телата го забележал набљудувач од соседната плажа, по што интервенирал, а откако влегол во водата го забележал и другото тело.

Најпрво прсутните на плажата им дале срцева масажа, но и на брзата помош, која веднаш стигнала, не ѝ успеало да ги врати во живот. Првичните информации потврдуваат дека причината за смртта е срцев удар.