Раководителот на службата за спречување криминал, Немања Ѓуран, раскажа што открила полицијата кога пристигнала на местото на злосторството.
– Најдовме ужасна сцена. Тоа не сум го доживеал во текот на мојата кариера. МВР најпрвин добило повик од помошникот директор, а потоа момчето кое го извршило делото се јавило само во полиција и кажало што направило. Полицијата брзо реагирала и го привела момчето. Во холот од училиштето е пронајден чуварот мртов. Во училницата биле пронајдени над 50 чаури. Понатамошната истрага ќе утврди како 13-годишно момче толку стручно ракува со огнено оружје – изјави Немања Ѓуран, шеф на Службата за сузбивање на криминалот, гостувајќи на телевизија Блиц.
Што открила полицијата во станот на К.К.?
Ѓуран посочува дека по претресот на станот, одземени се компјутер, мобилен телефон и хартии со план за ликвидација што момчето убиец Коста Кецмановиќ го подготвувал еден месец.
– Станот е претресен, а одземените предмети таму се обработуваат. Одземени се компјутер и мобилен телефон, како и хартии на кои е прикажана скица од планот за ликвидација. Таткото беше шокиран, не можеше да поверува, а не можеше ни мајката. Таткото доби 48 часа притвор, мајката не – рече Ѓуран и додаде:
– Дознавме дека неговиот татко има неколку парчиња регистрирано оружје. Имаме информации дека момчето посетило стрелишта во присуство на неговиот татко. Стручно и прецизно ракувал со огнено оружје. Таткото денеска изјави дека го чувал оружјето во сефот и дека детето не ја знаело шифрата, но евидентно е дека момчето ја знаело шифрата – вели началникот на службата за превенција од криминал.
Александар Стевановиќ од Институтот за криминолошки и социолошки истражувања истакнува дека однесувањето на родителите е сомнително.
-Однесувањето на родителите е сомнително, не сум сигурен дали на 13-годишно дете му треба обука на стрелиште. Со сите информации што ги имаме, не можеме да зборуваме за афект. Според сите показатели, тоа не е афект бидејќи во овој случај имаме ладнокрвност, план, список за убивање. Тоа е акумулирана мисла што доведе до планот, а потоа и до негова реализација – изјави Александар Стевановиќ од Институтот за криминолошки и социолошки истражувања во гостувањето на телевизија Блиц.