За убиството во Борча на 23 годишниот Јован М. вечерва е уапсен Б.Б., а по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград му е одредена мерка притвор до 48 часа.

Момчето Јован М. (23) беше убиено во четвртокот вечерта во белградската населба Борча, додека неговиот пријател Б.Ј. (23) повреден на однапред договорена средба со напаѓачот. Ј.М. се здобил со повеќе убодни рани во пределот на стомакот и градниот кош.

Повредите со кои се здобил Б.Ј. (23) се несериозни и за среќа неговиот живот не е во животна опасност. Обидите за реанимација на Ј.М. биле неуспешни, тој починал во четвртокот во 19 часот и 40 минути.

Соседите изјавиле дека младите не се од нивниот крај и им е сомнително што таму се сретнале, бидејќи според нив, членовите на навивачката група се среќаваат од другата страна во голем парк зад низа згради.