Од Огранокот на Алтернатива во Чаир вечерва преку соопштение информираат дека 2/3 од членовите се откажуваат од партијата.
„Вечерва, ние членовите на огранокот на Алтернатива – Чаир, 2/3 од членовите на огранското собрание, симпатизери и поддржувачи, се собравме овде да ја изразиме нашата загриженост во врска со незадоволствата наталожени во текот на овие месеци во нашиот огранок, но не се само овие причини.
И покрај фактите и некои обиди за синхронизирање и усогласување на огранокот, внатрешни разговори меѓу нашите членови – принудени сме да кажеме дека проблемите во огранокот Чаир се акумулација на револтот на нашите членови, веќе 15 месеци.
Иако нашата надеж до овој момент беше дека ќе постигнеме компромис меѓу членовите на огранокот, тоа за жал не се случи – додека виновниците за ова сега се познати и носат печат на две-три лица кои узурпираа и непотизираа се во партијата.
Во оваа прилика пред јавноста и целото членство ги донесовме следните одлуки:
2/3 од членовите на огранокот Чаир поднесуваат оставки од партиските органи;
8 членови на Централното собрание, заедно со 1 член на Централното претседателство – ќе ја запрат дејноста во огранокот;
раководителите на соодветните подружници заедно со нивните членови се повлекуваат од огранокот Чаир;
Од овој момент, основачката структура на огранокот, заедно со неколку раководители на подограноци и активисти, 2/3 од членовите на партиската структура, пред членството, активисти, симпатизери и поддржувачи, но и пред јавноста, повторуваме дека заслужни за нашата колективна оставка од огранокот, има само двајца-тројца узурпатори-клиентелисти, додека последните анкети говорат за сите овие глупости и резултатот за огранокот Чаир.
На крајот, нашиот совет до секој активист во огранокот е многу пријателски: „размислете добро, пред да биде предоцна“ – не се прави огранок со членови на семејството и непотизам, како на пример подогранок со тројца членови на семејството: Гаши и Ибрахими – иако и денес продолжуваат да бидат членови на собранието, истотака не се прави огранок ниту со први братучеди и втори роднини, ниту пак структура со скрстени нозе со терцијарна терминологија: „овој е мој, тој е наш“, – или да се каже со омилениот термин: „аџанак-баџанак“, се вели во соопштението.