Денес ненадејно не напушти уште еден брат од нашата трибина. Еден од основачите на BFC, еден од навивачки наједуцираните дечки на Чкембари, “виновен” за многу наши транспаренти, бајраци, мотки…Ненаметлив по природа а фанатик во душа. Почивај во мир ТОМИ БОСАНЕЦ, Чкембари нема да те заборават, порачуваат од навивачката група на нивната Фејсбук страна.
– Томислав (Чкембари Битола). Со огромно неверување и болка ја дочекуваме веста за смртта на нашиот пријател Томислав. Навивач од старата шокла, врвно едуциран и добар пријател. Томислав беше голем поддржувач на нашата страница и многу помогна во развојот на истата. Имавме замислено многу проекти заеднички да ги реализираме. Со часови знаевме да разговараме на разни навивачки теми да навлегуваме до најситните детали како што тој милуваше да каже ТИФОЛОГИЈА. Почивај во мир. Се гледаме некогаш горе таму на небото во некој небески ултра кафани, објавено е на страницата Ултра кафана.