Олга Бадерук на социјалната мрежа „Тик Ток“ покажа како комплетно го трасформирала лицето по операцијата на носот.
Оваа 22-годишна украинска инфлуенсерка го снимила целиот зафат, а видеото досега има 13 милиони прегледи.
Во шест различни клипови покажа и како изгледа постоперативниот период, како модриците се повлекуваат и крајниот резултат кој ги воодушеви сите.
Дури има и такви кои се уверени дека е невозможно Олга претходно да имала таков нос и дека се послужила со филтери за да ја издраматизира целата ситуација.
„Беше огромен, дали ова воопшто е возможно“, е еден од коментарите под објавата.
📸
📸
📸