





Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека бара притвор за пејачот Ламбе Алабаковски кој како што кажа во полиција признал дека го запалил бугарскиот културен клуб Ванчо Михајлов.
– Извршен е претрес во домот и во некои други објекти кои ги користи или се сопственост на сторителот на кривичното дело, притоа се пронајдени облеката и други предмети кои се доведуваат во врска со кривичното дело, тоа значи дека имаме неспорни и несоборливи докази. Лицето е приведено во полициска станица и во моментов очекуваме дека ќе биде изведено пред надлежен судија на претходна постапка. МВР бара одредување на мерка притвор заради тоа што се исполнети условите во однос на ваквото барање. Сепак но би сакал да почекаме на одлука на надлежниот суд, зошто сепак е тоа одлука на суд која мора да биде донесена, рече министерот Спасовски.





