Ако сакате да живеете што подолго, сè што треба да направите е да се преселите во Италија!

Оваа медитеранска земја опкружена со пет мориња е обележана како најздрава земја во светот, според Глобалниот здравствен индекс на Блумберг од 163 земји. Така, бебе родено во Италија може да очекува да живее дури до 80 години.

Иако Италија е меѓу најразвиените земји во светот, нејзиниот раст е во стагнација со децении, скоро 40% од младите се невработени, а земјата има големи долгови.

И покрај сè, Италијанците се во многу подобра форма од Американците, Канаѓаните или Британците, кои страдаат во голем број од висок крвен притисок и холестерол, како и од психолошки проблеми.

Италијанската кујна има голема заслуга за доброто здравје на нацијата. Тука е и медитеранската храна, богата со зеленчук и маслиново масло, кое Италијанците го обожуваат.

Исланд е на второто место на листата на најздрави земји, а Швајцарија е на трето, додека Сингапур и Австралија се на четвртото и петтото место. Во меѓувреме, на 4.500 км јужно, во Сиера Леоне, просечното дете родено сега ќе умре на 52-годишна возраст, пишува The Independent, што ја прави најлоша земја за живеење според оваа листа.

Секоја држава беше оценета врз основа на очекуваниот животен век, причината за смртта и здравствените ризици, како што се висок крвен притисок, пушење, неухранетост и пристап до вода за пиење.