СВР Скопје го расчисти обидот за убиство во Арачиново што се случи на крајот на минатиот месец.
Тогаш со огнено оружје беше пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од селото Арачиново, при што со прострелни рани се здоби А.И. и беше пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации во селото Арачиново, при што од слобода е лишен Е.А. (22) од с.Арачиново. Од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од с. Арачиново за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ“, информираа од СВР Скопје.
Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.