По убиството на поранешниот лидер на Лешинарите, Дејан Костиќ Дела во ресторанот Стара Ада, на улиците на Бања Лука е зголемено присуството на полицијата.
На неколку места полицијата формираше контролни пунктови каде се контролираат учесниците во сообраќајот . Припадници на Жандармеријата се присутни на местото на злосторството.
Јеленко Копрановиќ, Аљоша Галиќ и Јовица Грујиќ од Бања Лука се приведени по пукањето пред ресторанот Стара Ада во кое беше убиен Дејан Костиќ или Дела.
Како што се дознава, сите биле во ресторанот кога дошло до расправија и конфликт со Костиќ. Како што напиша АТВ поради сомневање дека пукал во Костиќ, полицијата трага по Немања Сјеница, синот на Јеленко Копрановиќ.
Според неофицијални информации Сјеница по пукањето побегнал и по него трагаат неколку полицајци.
Станува збор за синот на Јеленко Копрановиќ, алијас Сјеница, кој исто како и Костиќ важи за повеќекратен престапник.