Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски гостуваше во емисијата „За или против“ на „Алфа“ и кажа дека во неговата општина има реализирано многу проекти и затоа има многу фотографии, откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го нарече инфлуенсер.
– За да се сликате треба да сработите нешто или да почнете да работите. За жал, година и седум месеци од кога госпоѓата Арсовска е градоначалник на Скопје, јас имам многу слики, многу проекти се реализираат во мојата општина. Имам каде да се сликам и логички е секој што работи да му е сатисфакција да го претстави проектот пред граѓаните. Прашањето е, дали има каде да се слика градоначалничката на Скопје, вели Ѓорѓиевски.
,,Јас барем имам каде да се сликам, многу реализирани или отпочнати проекти. Прашањето е, дали има градоначалничката на Скопје каде да се слика?”
🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣 pic.twitter.com/dR1YCyWTJG
— 𝕸𝖆𝖈𝖍𝖊 (@Vlatko100janosk) July 10, 2023