Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски гостуваше во емисијата „За или против“ на „Алфа“ и кажа дека во неговата општина има реализирано многу проекти и затоа има многу фотографии, откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го нарече инфлуенсер.

– За да се сликате треба да сработите нешто или да почнете да работите. За жал, година и седум месеци од кога госпоѓата Арсовска е градоначалник на Скопје, јас имам многу слики, многу проекти се реализираат во мојата општина. Имам каде да се сликам и логички е секој што работи да му е сатисфакција да го претстави проектот пред граѓаните. Прашањето е, дали има каде да се слика градоначалничката на Скопје, вели Ѓорѓиевски.