Фернандо Колунга важеше за најпопуларен и најангажиран актер во мексиканските теленовели кои поодамна беа многу популарни и во Македонија, па македонската јавност сигурно ќе го препознае овој популарен актер. Фернандо важеше за голем заводник во серииите. Една од најзабележителните улоги беше онаа на Хозе Армандо Пенареал во култната „Есмералда“ во која ја освои и македонската публика пред 25 години.

Магазинот „Гламур“ две години по ред го прогласи за најатрактивен актер, што многу ги израдува неговите обожавателки. Покрај тоа, тој беше и на тронот на најплатените актери во светот.

Актерот сега има 57 години, а оние мускули кои ги сакаа дамите сега се помалку силни, некои коментираат дека му останала само „главата“, со оглед на тоа што на фотографиите изгледа несразмерно поголема во однос на телото.

Неговиот живот се промени неодамна кога татко му почина од рак, чија состојба се влоши за време на пандемијата – “Фернандо е неутешен бидејќи беше многу приврзан за својот татко. Тој е лут и огорчен бидејќи не можеше да биде со него во последните денови. Поради строгите мерки за сузбивање на пандемијата, неговиот татко, по кого беше крстен, мораше да биде кремиран без присуство на неговото семејство“, изјави тогаш изворот.

Иако беше многу популарен кај женскиот пол, воевремено се шушкаше дека е геј, но тоа се покажало дека е лажно. Интересно е тоа што Фернандо никогаш не се оженил, па дури и моментално е сингл. Активен е на социјалните мрежи, а на својот Инстаграм и понатаму редовно објавува вести за серијата која се уште ја снима.