Еден од осудените за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, Андреј Костовски во подктастот „Претрес со Ландов“ кој во целост ќе се емитува утре вели дека е сигурен оти неговиот удар не можел да доведе до смрт кај ракометарот.
– Мојор удар сум сигурен дека не доведе до смрт, бидејќи според Извештајот од обдукцискиот лист/наод, од мојот удар нема ниту модринка, а камоли повреда која може да доведе до смрт, вели Костовски.
Во ноември 2022 година, Кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни и ги осуди на високи затворски казни обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Андреј Костовски и Клементина Левковска за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк.
Првообвинетиот Анџело Ѓоргиевски е осуден на 18 години казна затвор, на иста затворска казна судот ја осуди и Клементина Левковска, додека третообвинетиот Андреј Костовски го осуди на 16 години затвор.