Помина точно една година од невидената трагедија кога осум млади луѓе загинаа на новогодишната прослава во Трибистово кај Посушје во БиХ, кога во викендицата се задушиле со јаглерод моноксид од генератор на струја.

Оваа несреќа, која однесе осум млади животи пред една година, ја растажи и Босна и Херцеговина и целиот Балкан. Телата на несреќните тинејџери кои имале само 19 години ги пронашле соседите кои забележале дека новогодишното утро никој не излегувал од дома, ниту се јавувал на мобилниот телефон.

Тогаш починаа Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Мирела Резо, Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ, Марија Павковиќ и Стјепан Јукиќ.

– Новогодишната ноќ ја дочекаа со уште шест другари, но во одреден момент нивните пријатели се преселиле во друга викендица да спијат. Тие беа оние кои ги нашле мртви – објавија тогаш босанските медиуми. Тинејџерите потоа се задушиле од труење со јаглерод моноксид.

– Агрегатот со кој се грееја се наоѓаше во шпајз од северната страна на викендицата. Во таа просторија едната врата била затворена, другата отворена, а прозорецот бил спроти просторијата каде што биле пронајдени телата. Истрагата утврдила дека прозорецот бил полуотворен, па се верува дека во просторијата влегле јаглерод моноксид и издувни гасови и ги задушиле младите, изјави тогашниот соговорник на босанските медиуми, опишувајќи ја страшната сцена кога родителите на настраданите деца дошле и виделе каква трагедија се случила.

Како загинаа- преку прозорецот влегол гасот

* Единицата со која се грееја се наоѓаше во оставата, од северната страна на викендицата.

* Во таа соба едната врата беше затворена, другата отворена, а прозорецот се наоѓал веднаш до просторијата каде беа пронајдени.

* Во истрагата било утврдено дека прозорецот бил полуотворен.

* Се верува дека јаглерод моноксид и издувни гасови влегле во просторијата и ги задушиле младите.

Јаглерод моноксид- тивок убиец

* Јаглерод моноксид е гас наречен тивок убиец, невидлив, безбоен, без вкус и мирис

* Во затворен простор е смртоносен

* Затруениот не може веднаш да ги препознае симптомите, само телото ќе реагира на нив

* Дејствува на црвените крвни зрнца и хемоглобинот во крвта.