Бившиот на Милица Дабовиќ, М.Ј. објави голи фотографии од кошаркарката затоа што таа го откачила, пренесоа српските медиуми. Тој веќе некое време ѝ се заканувал и барал од неа повторно да бидат заедно. На крајот откако го одбила, објавил некои од нејзините голи фотографии.

„Пред три дена ги објави фотографиите од Милица на кои таа е гола. Се работи за фотографии кои таа претходно му ги праќала додека биле во врска. Имала доверба во него и не верувала дека може да дојде до ова. Милица и М.Ј. раскинаа одамна. Во меѓувреме се забавуваше и со други и не планираше да се смири со него. Тој пак се надевал дека повторно ќе бидат заедно“, рече извор близок до Милица за српски „Курир“.

„Милица не може да поверува дека ѝ се случило ова. Во моментов зема лекарства. Мислеше дека ќе се вразуми и дека ќе престане со заканите. Пред неколку дена ја бараше да се видат, но таа го одби. Истиот ден ги објави фотографиите на „Телеграм“. Освен што ја посрамоти, ова негативно влијае и на нејзиниот онли-фенс каде продава фотографии на кои е исто така гола“, додаде тој.