Порнешната ѕвезда на реалните шоуа во Србија, Сања Станковиќ добила многубројни коментари на сметка на длабокото деколте и разголените гради за време на практикувањето на зимските спортови:

„Ќе ги настинеш тие гради“, „Како не добиваш воспаление на белите дробови“, „Само пневмонија може да те спречи“, „Соблечи се по гаќички, најдобро ти е“, беа само дел од коментарите. Старлетата се изнервира и реши да го „возврати ударот“ и да отиде чекор понапред.

Имено, на Сања очигледно ѝ се смачиле негативните коментари, па одлучила да им се спротистави… и тоа гола на снегот. Така сега на Инстаграм објавила фотографија на која на снежната покривка позира само по танга гаќички и градник, односно во секси долна облека.

„Мене никој не ме прашал дали сакам да се родам и да живеам на овој свет. Затоа никој нема право ни да ми каже како ќе живеам“ -напишала таа во опис на фотографиите на Инстаграм.

Којзнае дали ако и по ова коментарите бидат негативни, дали старлетата ќе се соблече како од мајка родена на сноуборд даската на снегот?

📷

📷