Во Ирска трагично заврши животот на 58-годишната Хрватка Мирјана Пап, чие безживотно тело беше пронајдено во мочурливата област Курагалин, во близина на Роскомон, на само десет километри од нејзиниот дом.

Нејзиниот 31-годишен син Небојша Пап е уапсен и осомничен за бруталното убиство на неговата мајка. Мирјана, вдовица и мајка на три деца, живееше во Ирска повеќе од две децении.

Покрај тоа, во неделите пред нејзината смрт, таа постојано изјавила дека се плаши од личност што ја познава, а резултатите од обдукцијата покажале дека таа починала откако била брутално претепана.

Мирјана беше пријавена за исчезната во Вестмит минатиот викенд, а нејзиното тело беше пронајдено во понеделникот по дводневна потрага на ирските власти.

Полицијата уште од почетокот на истрагата се сомневаше дека нападот се случил во нејзиниот дом во Атлон, по што нејзиното безживотно тело било преместено на оддалечена фарма во Курагалин, каде што било пронајдено.

Иако уапсениот Небојша Пап беше осомничен од почетокот, дури по долга истрага беше потврдено дека тој е одговорен за смртта на мајката, пишува Sunday World .