Пензионираниот полицаец М.Д.(52) синоќа во Толоши, Подгорица ја убил сопругата В.Д. (50) и синот Ѓ. Д.(13), а потоа се самоубил. Во соопштението на Полициската управа, беше наведено дека мотив за ова кривично дело е насобраната здравствена состојба на несреќното момче (13).
Според расположливите податоци, полициската управа во моментов се сомнева дека мотив за извршување на ова кривично дело е „насобрана состојба предизвикана од здравствени проблеми на член на семејството, момчето кое трагично загина“. Според локалните медиуми, семејната трагедија се случила половина час по полноќ.
Во соопштението на Полициската управа, се наведува дека М.Д., бил нивен службеник во пензија, додека неговата сопруга В.Д., просветен работник.
– Увид на лице место изврши државен обвинител при Вишото државно обвинителство во Подгорица со учество на балистички вештаци и службеници на Одделот за безбедност во Подгорица – соопштија од полицијата.
Како што наведуваат, според засега достапните информации, пиштолот што бил употребен како средство за извршување на ова кривично дело бил во приватна сопственост.
На местото на настанот се пронајдени уште две огнени оружја, за кои полицијата ќе утврдува дали ги поседува законски.