Озлогласената канцерогена мувла е откриена во популарно овошје од Турција, објави европскиот систем за брзо предупредување во сообраќајот со храна, пренесуваат хрватските месиуми

Станува збор за суви смокви кои требаше да бидат увезени во Хрватска од Турција преку Босна и Херцеговина. За среќа, афлатоксини биле откриени при контрола на примерокот на границата со Хрватска, па пратката со смокви била веднаш уништена.

Афлатоксинот е откриен во сувите смокви, поточно најлошиот тип Б-1, за кој експертите велат дека брзо се ресорбира во дигестивниот тракт и црниот дроб и се претвора во канцерогениот афлатоксин М-1.

Меѓутоа, во турските смокви се пронајдени и други видови на афлатоксини. Така, афлатоксинот Б1 е откриен во концентрација од 171 микрограми на килограм, а вкупниот удел на сите афлатоксини во турските смокви изнесува 210,7 микрограми на килограм.

Според одлуката на ЕУ, ниту најмало количество афлатоксин не е дозволено во прехранбените производи кои се увезуваат на европскиот пазар, а се наведува дека ризикот бил потенцијално сериозен и пратката била запрена на граница.

Ова не е прв пат да се откриени афлатоксини во сувите смокви од Турција. Еднаш бугарски инспектори на граница запреа пратка наменета за Хрватска. Вториот пат турските смокви преку фирма од Хрватска завршија во Словенија.

Афлатоксините, инаку, се група на габични токсини кои предизвикуваат сериозни оштетувања на здравјето на луѓето, особено на црниот дроб. Акутните труења се нарекуваат афлатоксикоза и може да доведат до откажување на црниот дроб и смрт. Експериментите на лабораториски животни покажаа сериозен ризик од развој на рак на црниот дроб со поголема изложеност на афлатоксини.