Загрижени родители од Белград биле вознемирени од веста што се прошири на социјалните мрежи дека мистериозно црно комбе наводно пресретнува деца и им нуди бонбони. Но, како што дознава „Блиц“, во полиција не пристигнала ниту една пријава во врска со ова.

Според полицијата, едно момче признало дека лажно ја пријавило оваа вест. Да потсетиме, на социјалните мрежи се појави предупредување на загрижена мајка.

– Луѓе, чувајте си ги децата! Ова комбе беше кај нас пред два часа на улица во Шимановци, син ми беше надвор и му понудија бонбони. За среќа, син ми навреме избега дома. Ве молиме грижете се за децата и споделете го ова за сите да го видат – стои во објавата на оваа мајка, која е споделена и на сторијата на страницата на Инстаграм „My_beo_grad_“.

Таа прикачи и фотографија од комбето. Потоа осамнаа повеќе предупредувања, дека се забележани во близина на некои училишта и градинки.

Од друга страна, од полицијата потврдија дека тие соопштенија не се точни и дознаваме дека не добиле никакви пријави поврзани со мистериозното комбе, пишуваат српските медиуми.