Антонио Рамчевски, 18 годишниот талентиран пејач од Ниш кој остави силен впечаток во тековната сезона од популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ повеќе нема да го гледаме на сцената.

Ова во последната емисија го откри директорот на Гранд продукцијата Саша Поповиќ, кој рече дека Рамчевски од приватни здравствени причини не бил во можност да го продолжи натпреварувањето.

На негово место е вратен друг натпреварувач кој претходно излезе од шоуто.