Сопственикот на „Пофикс“ Тетово им се заблагодари на сите кои помогнаа да се изгасне пожарот кој ден претходно ја зафати оваа фабрика.
На прашањето дали се познати причините за овој пожар, тој рече дека причината за пожарот е водата, поточно дождот кој ден пред да се случи ова го поплави Тетово.
Материјалните штети според сопственикот се многу големи.
Тој рече дека ниту еден работник нема да ја изгуби работата бидејќи тие се наше семејство.