Музичарот Ѓорѓе Стојановиќ, попознат како диџеј Џокер, почина на 23-годишна возраст. Ѓорѓе повеќе од четири години се бореше со ракот, а на социјалните мрежи ги информираше своите пријатели за ретка форма на рак, Хочкиновиот лимфом.

Неговиот брат пред неколку дена го презеде Инстаграм профилот на младиот музичар и изјави дека му се слошило, по што бил префрлен на интензивна нега.

– Борбата трае веќе четврта година и вторпат мојот рак е во четврта фаза. Тоа е рак на крвта кој се развива во лимфните жлезди. Среќа во несреќата е што спаѓа во најизлечливите видови на рак. Сакам да издржам затоа што сакам да го доведам ракот во состојба на мирување. Сакам трансплантација, колку и да е ризична, толку е и моето ново раѓање – напиша претходно Ѓорѓе.