Како што дознава „Блиц“, возачот на оклопното возило на Војската на Србија имал повеќе од 0,20 алкохол во крвта. Припадниците на српските вооружени сили не смеат да имаат алкохол во крвта, односно алкотестот не смее да покажува ништо повеќе од нула.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, полицијата во соработка со Вишото јавно обвинителство Краљево го приведе возачот М.В.(54), кој управувал возило на Српската војска.
Нему му е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен на понатамошна постапка во Вишото јавно обвинителство Краљево.
Како што дознаваме, М.В со оклопното возило преминал на левата страна од коловозот, по што дошло до несреќата.
Да потсетиме, загинаа возачот и сопатниците во патничкиот автомобил Даниел Л.(33), Л.Л.(10), Л.Л.(7), М.Л.(1) и Д.К.(27), додека Мирјана Л.(32) ( ајката на децата и сопруга на Даниел) била тешко повредена и се бори за живот.
Според неофицијални информации, Даниел Л., кој управувал автомобил „форд“, бил вработен во касарната во Рашка, но е роден и израснат во Нови Пазар.
Тој и неговата сопруга Мирјана, исто така родена во Нови Пазар, се преселиле во Рашка пред неколку години кога Даниел се вработил во војската на Србија.