Почина родилката која пред неколку дена се породи со прво дете на скопската ГА Клиника по што се фрли од клиниката без да добие навремена стручна помош за постпородилната психолошка состојба.
Родилката починала околу 21 часот и покрај “несебичниот интензивен труд на лекарите од Клиниката КАРИЛ” каде беше третирана жената по трагичниот настан, ни изјавија лекарски извори од скопската клиника, пренесува телевизија Телма.
Триесет и деветгодишната родилка после падот имаше тешки повреди на вратната кичма, градниот кош и главата.
Бебето на родилката е веќе пуштено од Гинекологија и се наоѓа во домот на семејството.