Жената од Србија, која со два истрела ја рани државјанин на Северна Македонија на наплатната рампа во Прешево, е во тешка состојба.

Како што дознава српски Курир, ранетата била примена во ЗЦ Врање каде била извршена дијагностика. Со оглед на тежината на повредите била упатена во УКЦ Ниш. Во моментов се врши транспортот.

– Се работи за тешки повреди во пределот на вратот, изјави за Курир началникот на Одделението за прием и итно лекување на Здравствениот дом во Врање, д-р Љубиша Стојилковиќ.