Тони Видовиќ, 16-годишниот член на клубот ФСВ, почина денеска во утринските часови, ден и пол откако му се слоши за време на натпреварот кој се одигра во четвртокот вечерта.

Младото момче од Ријека колабирало додека седело на клупата на натпреварот од Јуниорската Жупаниска лига меѓу ФСВ и Замет во салата на основното училиште Срдочи.

По големата трагедија, порталот 24сата.хр ја пренесе изјавата и приказната на претседателот на ФСВ, Горан Лончар.

– Одигравме натпревар во четвртокот вечерта, Тони го напушти натпреварот по пет минути и седна на клупата без да се жали на ништо. А потоа само се онесвести – истакна претседателот на ФСВ Горан Лончар и додаде:

– Ја чекавме брзата помош, го приклучија на апаратите во болницата и уште даваше знаци на живот. За жал, утрово околу 6:30 ја добивме најлошата можна вест. Се уште не ја знаеме точната причина за смртта, додека КБЦ Риека не излезе со официјално соопштение. Ние од клубот штотуку ги посетивме неговите родители за да им изразиме сочувство.

Погребот ќе се одржи на почетокот на следната недела, рече Лончар.

– Наш Тони, засекогаш ќе бидеш дел од тимот и со нас во нашите срца и умови. Ова не е збогум, само доидување… Ангели нека те чуваат – објавија од кошаркарскиот клуб од Риека.