Целата заедница е во шок откако во нивното соседство, во Фаворитен, во Виена се случи страшно убиство кога мајката Елифнур О.(29), по потекло од Турција, го избоде до смрт својот четиригодишен син.
Наводно, мајката имала психички проблеми, а се верува дека го убила детето во состојба на психичко растројство.
Соседите положија свеќи, играчки и цвеќиња пред зградата каде што се случи злосторството, а како што велат се уште не знаат дека тоа навистина се случило.
На местото на злосторството владее морничава тишина, а голем број луѓе дошле за да му оддадат почит на невиното момче.
Мајката била опишана како љубезна, самопожртвувана жена, која на моменти изгледала преоптоварено и често барала совет од други мајки во паркот бидејќи „не знаеше што да прави“. Работела во градинка како асистент на учителка.
Елинфур набргу по извршеното кривично дело е уапсена во видно лоша психичка состојба и со расекотини кои очигледно самата си ги нанела. Иако повредите не се опасни по живот, таа се наоѓа во болница, поради што се уште не е прегледана.
Прелиминарниот форензички извештај открил шокантни детали – малото дете било прекриено со исеченици и убодни рани. Инспекторите го заплениле оружјето за кое се тврди дека е извршено убиството.
Да потсетиме, делото се случило во неделата, околу 07:30 часот, а според пишувањата на медиумите, во станот во моментот на злосторството биле и сопругот на осомничената и татко на момчето, кој повикал брза помош и полицијата.
Кога екипите пристигнале на местото на настанот затекнале шокантна сцена, таткото облеан во крв обидувајќи се да го спаси синот. Кога сфатил дека на момчето нема спас, седнал на скалите и неутешно плачел.
„Неутешни сме. Срцата ни се скршени, не веруваме дека ова слатко детенце е мртво. Со часови се надевав дека е несреќен случај“, вели Хасрет Д.(34), добра пријателка на осомничената за убиството.