Популарната пејачка Александра Пријовиќ одржа неверојатна турнеја „Од исток до запад“, а многу нејзини колеги и колешки беа на концертите како специјални гости.

Како што дознаваме, Александра го поканила пејачот Бобан Здравковиќ на концерт во Ниш, кој имал своја цена.

Имено, како што дознаваме понатаму од извор близок на Бобан, тој ѝ побарал 2.000 евра на Пријовиќ за да дојде на настапот, но таа го одбила.

По тој повод, Бобан се огласи за „Блиц“ и во таа прилика не сакаше да го коментира ова, туку само рече:

– Воопшто не сакам да го коментирам тоа. Можеме да зборуваме само за мојата кариера која трае со децении, изјави Бобан.