Владата соопшти дека вработените во администрацијата ќе добијат К-15 од 11 илјади денари.
Од таму додаваат дека исплатата ќе биде извршена најдоцна до декември.
„Ова ќе обезбеди уште една важна поддршка за вработените. Овој пакет К-15 ќе ги опфати и наставниците вработени во училиштата. На овој начин Владата покажува посебна грижа за секој вработен во остварувањето на неговите права“, се наведува во соопштението на Владата.