Застој во сообраќајот во Автокоманда. Во моментов на булеварот Александар Македонски, стои автобус на ЈСП, пред него возило на Брза помош и уште неколку автомобили.

Официјално засега нема информации за инцидентот.

НОВИ ИНФОРМАЦИИ:

Станува збор за сообраќајна несреќа, на автобус на ЈСП со патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата има повредени патници. Полицијата е на терен, врши увид, по што ќе излезе со повеќе детали.