Тага и голема болка во очите на Слободан Пешев, таткото на 29-годишната штипјанка Емилија, која синоќа беше убиена на само неколку метри од семејната куќа.

Како што објавува ТЕЛМА, убиството го изврши 25-годишниот Фазил Зејнелов, нејзин поранешен партнер, кој самиот се пријавил во полиција и го посочил местото каде што е најдено телото на починатата.

Семејството Пешеви велат дека нивната ќерќа во врска со убиецот била помалку од една година, пред извесен период излегол и од затвор.

Пред да се случи убиството, Емилија пријавила и насилство во полиција и Центарот за социјални работи Штип.

Надлежните од Центарот за социјални работи потврдуваат дека се запознати со случајот на Емилија Пешева. Посочуваат дека била корисник на туѓа помош и нега, а на 2 септември побарала постапката за семејно насилство, против Ф.З. да се запре.

Како образложение навела дека предупредувањето од полицијата имало влијание врз неговото однесување.

Од Основното јавно обвинителство утринава информираа дека извршен е увид на лице, земени се траги за вештачење, а телото на починатата е дадено на обдукција.

ТВ СТАР: Емилија е задавена со голи раце, мотивот е љубомора и прекината врска

Љубомора и прекината врска е мотивот за убиството на Емилија. Задавена е со голи раце, објави локалната ТВ СТАР.

Ја убил во близина нa семејната куќа во Штип

– Љубомора и прекината врска е причината за суровото убиство на Емилија П. Задавена е со голи раце во сопствената куќа во подножјето на месноста Суитлак, од страна на Ф.З., објави телевизијата.