Граѓаните не ги покриваат лицата поради камерите, проблемoт е што преку Камениот мост во Скопје неодамна се појавија многу комарци, и поради нив е вистински предизвик да се премине овој мост во Скопје.

Додека некои граѓани ги покриваа лицата за да ги заштитат од инсекти, други ги отстрануваа инсектите со рацете или шапките.

Од Град Скопје велат дека по известувањето на Алсат телевизија, инспектори од веднаш излегле на терен, но не утврдиле шокантно присуство на комарци на Камениот мост.

Што се однесува до прскањето против инсекти, оттаму велат дека откако ќе се подобрат временските услови, ќе започне воздушното прскање.