Грција е шокирана од ненадејната смрт на 24-годишната Константина, која почина додека со своето друштво го славеше нејзиниот роденден. Несреќната девојка излегла со другарките за да го прослави својот успех во свирењето клавир, но и по повод роденденот каде што би наполнила 24 години.
Желбите и насмевките на нејзините пријатели „замрзнаа“ кога ја видоа нивната сакана Константина како колабира на клавирот на хотелот додека свиреше на дирките и го покажуваше својот талент.
– Го имаше цел живот пред неа за да биде среќна… а сега се подготвуваме за нејзиниот погреб. Многу е тешко, душата не боли“ раскажува за protothema.gr роднина на несреќната 24-годишна девојка.
– Таа доби диплома по пијано и излезе на вечера со нејзините пријатели во хотел за да го прослави нејзиниот успех. Потоа седнала на клавирот на хотелот за да го покаже својот талент и да ги израдува пријателите, а потоа се случило судбоносното. Таа прво се фатила за главата, крварела од носот и се срушила. Ова е навистина тешко за сите нас…, заклучува роднината на 24-годишната Константина.
Точните причини за ненадејната смрт на 24-годишната девојка се очекува да ги утврди судскиот вештак на Родос. Семејството на девојчето посакува наместо положување венци на погребот, пари да се доделат на Центарот за социјални работи на Јужноегејскиот регион „Агиос Андреас“.