Незапаметена трагедија се случи во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“, кога 14-годишно момче уби осум ученици, како и Драган Влаховиќ, човек кој работел како обезбедување во училиштето.

Според неофицијални информации, момчето упаднало на час по историја и почнало да пука во учениците. Убиениот чувар е Драган Влаховиќ, кој важеше за исклучително грижлив и внимателен кон децата, објавија тамошните медиуми.

Напаѓачот е уапсен, а полицијата и итната помош се уште се на терен. МВР соопшти дека се сомнева дека Коста К. (14) пукал од пиштолот на татко му.