Северина Вучковиќ со денови протестира на социјалните мрежи тврдејќи дека Врховниот суд во Загреб ја поништил одлуката на Жупанискиот суд во Сплит и старателството над нејзиниот син му го дал на таткото Милан Поповиќ. Сега е откриено зошто судот донел ваква одлука, како и дека на Северина не и е одземено старателството, туку е намален бројот на денови што може да ги помине со синот.
Имено, одлуката на Врховниот суд е наместо малолетниот син да поминува подеднакво време со таткото и мајката, тој во иднина да биде со Милан Поповиќ 22 дена, додека со Северина осум дена. Судот ја донесе оваа пресуда поради една од постапките на пејачката, која судиите ја сфатија како занемарување:
– Ваквата одлука на Врховниот суд дојде единствено затоа што во 2019 година, кога детето беше трето одделение, не одеше на училиште 46 дена, туку беше на турнеја на Северина – информираниот извор продолжува и вели:
-Кога сето тоа го разгледа основниот суд, пет судии едноставно гласаа дека нема друга опција. Од друга страна, колку таа користи лаги во нејзината кампања, говори и тоа што детето на Северина и било одземено, а всушност тој не и бил одземен, туку судот и го намалил број на денови на пејачката. – додава изворот.
Инаку, токму пратеникот Давор Бернардиќ, хрватски политичар и претседател на СДП беше изманипулиран од лагите на Северина Вучковиќ.
Потсетуваме, почитуваниот претприемач Милан Поповиќ со години се бори само за едно – а тоа е на својот син Александар Поповиќ, кого го има со Северина Вучковиќ, да му обезбеди безгрижно и нормално детство, и да не отсуствува од училиште.