Министерството за внатрешни работи воведе електронско закажување за вадење лични документи, откако се покажа како нефункционалното закажувањето преку телефон каде се чека со часови.

Од денеска може да се закаже термин на веб сајтот termin.mvr.gov.mk, каде е воведена нова секција која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи. Во оваа секција наречена ‘поднеси барање за термин‘ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин“, велат од МВР.

Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк:
https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request