





Пацифичката држава Тонга е погодена од цунами по вулканска ерупција на дното на Тихиот Океан.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат големи бранови кои удираат по крајбрежните области носејќи сè пред себе и снимки на луѓе како бегаат и се обидуваат да влезат во нивните автомобили.
Некои жители на Тонга биле погодени од цунамито додека присуствувале на миса во црква каде што останале заробени.






Во водите на Тихиот океан во близина на Апија, главниот град на Самоа, се регистрирани бранови високи околу еден и пол метар, соопшти американскиот Пацифички центар за предупредување од цунами.
Mетеоролошка служба на Тонга соопшти дека предупредувањето за цунами е на сила за целиот остров.






Предупредување за цунами било дадено и во Нов Зеланд, како и од американскиот Пацифички центар за предупредување, но не и од австралиската служба, пренесоа светските агенции.
.@kraft_mk
Во 🇹🇴Тонга во моментов се загрозени многу животи.Воедно,
ова е можеби најлудото видео снимено во последно време. Се надевам и мислам дека сите се во ред. pic.twitter.com/5iwoTC3Cr4— КраФТ (@kraft_mk) January 15, 2022