За време на синоќешниот разговор, украинскиот претседател Володимир Зеленски наводно им рекол на европските лидери дека тоа може да биде последен пат да го видат жив. Тој го објави тоа повикувајќи се на дипломатски извори објавија светските агенции.

Европските дипломати за медиумите изјавија дека Зеленски го повторил барањето за проширување на мерките против Русија со цел да се спречи нејзината инвазија и да се донесат нови и посилни санкции.

Италијанскиот премиер Марио Драги, кој учествувал на телефонската конференција, на своите соработници им кажал дека Зеленски во моментов се крие на непозната локација.

„Требаше да се слушнеме на телефон, но тој веќе не е достапен“, рекол Драги, а пренесуваат регионалните медиуми.

Шведскиот премиер им потврдил на новинарите на шведската национална новинска агенција дека Зеленски рекол дека можеби ова е последен пат да го видат.