На 16.08.2021 во 21.30 чaсот на ул.„Радишанска“ во Скопје, мопед „хамачи“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(36) од Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По незгодата Т.М. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.