Појадокот е најважниот оброк во текот на денот и никако не треба да го избегнувате, а една од најстарите жени во светот максимално ги искористи придобивките од појадокот.
Тајната на долговечноста, според Сузана Мушат Џоунс која живееше 116 години и почина само неколку месеци пред нејзиниот 117 роденден, е во истиот појадок со кој секојдневно го почнувала денот.
Секое утро појадувала кајгана и сланина, пишува Eat This, Not That. Од клиниката во Кливленд велат дека сланината има доста хранливи вредности поради кои и треба да размислиме за тоа секојдневно да ја консумираме.
Една порција сланина има околу 20 г протеини, а исто така содржи и комплекс витамини Б кои помагаат во превенција на инфекции и ги прават нашите клетки поздрави. Овие витамини помагаат во пренесувањето на кислородот и хранливите состојки низ телото.
Во свинската сланина има и селен, минерал кој активира одредени протеини поврзани со спречување на канцер. Сланината содржи и цинк.
Џоунс по појадокот обично имала уште два оброка. За ручек јадела овошје, а за вечера месо, зеленчук и компир.