Домашен притвор за двајцата поранешни градоначалници на Кочани Ратко Димитровски и Николчо Илиjев, како и поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.

Основниот суд во Кочани ги прифати жалбите и мерката ефективен притвор за нив, ја замени со куќен. Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и за нив ја потврди мерката притвор.

За поранешните градоначалници на Кочани, обвинителството вложи жалба пред Апелацискиот суд Штип и побара да остане мерката ефективен притвор, додека за поранешната директорка на Пазарниот инспекторат обвинителството е согласно дека мерката куќен притвор е адекватна, бидејќи во жалбата биле изнесени околности и причини.

Loading...