Последната мутација на короната наречена омикрон, која брзо се шири низ планетата, пристигна и во Македонија, а експертите предупредуваат на симптоми на болеста кои се малку поинакви од оние кои се веќе познати.

Како што истакнуваат, постојат неколку знаци кои укажуваат дека можеби сте се заразиле со оваа мутација на короната, но голема е веројатноста дека ќе го слушнете првиот симптом пред да се почувствувате болни.

Луѓето кои се заразиле со омикрон пријавиле гребење во грлото, поради што нивниот глас се променил или зарипнал. Ако некој ви каже дека звучите како цел ден да сте пееле, дека гласот ви е длабок и рапав, а знаете дека природно не е така, проверете дали сте заразени со варијантата омикрон.

За разлика од делта сојот, каде пациентите имале посилни болки во грлото, заразените со новата мутација имаат „само“ симптоми на гребење.

Минатата недела, Рајан Роуч, извршен директор на DiscoveryHealth, најголемата приватна компанија за здравствено осигурување во Јужна Африка, рече дека тоа е најчестиот симптом со кој се соочуваат пациентите инфицирани со омикрон. Овој симптом обично е придружен со назална конгестија, но и други чести знаци како сува кашлица и болки во долниот дел на грбот.

Инаку, вообичаени рани предупредувачки знаци на инфекција со омикрон вирус се главоболка, замор, кивање, ноќно потење и болки во телото.

Според студијата спроведена од апликацијата „ZOE Covid Symptom Study“, беше откриено дека болката во грлото е меѓу најчесто пријавените симптоми.