Од МВР стигна потврда дека е уапсен сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Според информации на Радио Лидер, името на сопственикот е Дејан Јованов – Деко. Во сопственичката структура имало повеќе лица, а дозволата за работа му била до 24 март. Според информациите до кои стигна Радио Лидер, Јованов кој бил еден од сопствениците на дискотеката имал и останати бизниси како кафулиња, но и компании во останати дејности.

Пожарот според неофицијални информации настанал од употреба на пиротехнички средства, се запалил оган, а потоа настанало стампедо. Дел од лицата починале бидејќи се задушиле.

Loading...