На социјалните мрежи и интернет портали се шири селфи фотографија од Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за убиството на 14 годишната Вања и 74 годишниот Панче, на која според објавените постови, покрај Палчо се и зетот и внукот на убиениот Панче Жежовски.
Згрозените граѓани коментираат дека фотографијата наводно е направена откако Палчо прво ладнокрвно го убил Жежовски.
ДОПОЛНЕТО: По проверка од страна на тимот на Телма, утврдивме дека фотографијата не е оригинална туку е едитирана. Станува збор за фотографија која е исечена (кропирана) од стара фотографија на Палевски од Велес.
Фотографијата е снимена на 30-ти март 2023-та кога собирал потписи за партиска иницијатива. На фотографијата има повеќе луѓе, а двајца минуваат на пешачки премин. Не може да се утврди дали двете лица на пешачкиот премин се роднини на убиениот Панчо (исчезнат и убиен 8 месеци подоцна, на 22-ри ноември 2023.)
По проверката може да се заклучи дека содржината и инфото на фотографијата не се точни туку се лажни вести.
На фотографијата која Палевски ја направил во Велес на пешачки премин, зад него се гледаат две лица кои ја преминуваат улицата, и кои според коментарите на социјалните мрежи, се токму зетот и внукот на Жежовски.
Во продолжение фотографија од ФБ профил на осомничениот Палевски.