Стефан Димковски од Струмица татко на две деца е возачот кој го превезувал Љупчо Палевски Палчо осомничен за убиството на 14 годишната Вања, од Белград до граничниот премин со Турција на граничниот бпремин Капетан Андреево, објави телевизија Телма.
Попладнево е уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани. Но тој самиот си постирал слики на ФБ од рутата токму на денот кога се возел со осомничениот за убиство Палчо.
– Откако бил уапсен на граничниот премин тој детално ги кажал плановите и локациите на бегалецот каде ќе престојува во Турција по што според извори од истрагата на Телма МВР ја известува турската полиција да го уапси. Димковски е во притвор, објави телевизијата.
(ФОТО: Телевизија Телма)